Линкови за пристапност

Би пиеле ли пиво од тоалетна вода?


Според популарна пивара од Калифорнија, тоа може да се случи

Пиварата Stone Brewing од Сан Диего, сојузната држава Калифорнија, претстави ново пиво Full Circle Pale Ale направено од вода „што доаѓа од тоалетите“, јави телевизијата „Еј Би Си“ (ABC).

За напомена, оваа вода не се зема директно од тоалетите, туку се употребува рециклирана вода и тоа со помош на програмата на Сан Диего „Чиста вода“.

Претставувајќи го новиот пијалок, градоначалникот на Сан Диего Кевин Фолконер, пивото го нарече „извонредно“. Воедно, некои од присутните на промоцијата отпрвин биле помалку скептични, но штом го дегустирале, го смениле мислењето.

Пивото се` уште не е достапно за поширокиот пазар, но од пиварата најавуваат дека тоа ќе се случи наскоро.

Програмата „Чиста вода“ на Сан Диего планира една третина од резервите на вода да ги обезбеди преку рециклирање.

XS
SM
MD
LG