Линкови за пристапност

Американски судија вели грозните слики на цигарите се неуставни


Американски судија досуди дека е неуставна регулативата што наложува големи, експлицитни предупредувачки етикети на кутиите цигари.

Дистриктниот судија Ричард Лион во среда кажа дека регулативата го крши Првиот амандман за слобода на говорот.

Предупредувањето, кое треба да опфати околу половина од етикетата на кутијата, вклучува слики во боја на бели дробови со рак и тело како лежи на маса за обдукција.

Во пресудата, Лион кажа дека сликите не биле дизајнирани да ја „зголемат свеста на конзументите за ризиците од пушењето“, туку да предизвикаат „силна емотивна реакција“ против пушењето.

Тој кажа дека владата има многу други начини да ги предупреди луѓето за пушењето, без кршење на уставот.

Владата може да се жали на пресудата. Се` уште не коментираше по пресудата. Претставници на здравството во САД имаат кажано дека експлицитните етикети се многу поискрени за опасностите од пушењето отколку што се обичните предупредувања кои во моментов се печатат на сите американски кутии цигари.

Лекарите велат дека пушењето е причина број еден за смртни случаи кои можеле да се спречат.

Раководителот на групата „Кампања за деца без тутун“ што се бори против пушењето, Метју Маерс, ја критикуваше одлуката на судијата како „погрешна на правно и на научно ниво“.

Голем број тутунски компании се жалеа на регулативата, меѓу кои R.J. Reynolds Tobacco, Lorillard Tobacco, Liggett Group, и Santa Fe Natural Tobacco.

XS
SM
MD
LG