Линкови за пристапност

Пушењето предизвикува близу три милиони смртни случаи годишно


Според СЗО, кардиоваскуларните болести се главна причина за смрт во светот, убивајќи близу 18 милиони лица секоја година

Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека користењето тутун предизвикува срцеви заболувања, и води до три милиони смртни случаи годишно.

Според СЗО, кардиоваскуларните болести се главна причина за смрт во светот, убивајќи близу 18 милиони лица секоја година.

Даглас Бечер од СЗО вели дека повеќето луѓе се свесни дека пушењето го зголемува ризикот за рак и белодробни заболувања, но, оти не знаат дека тутунот, исто така, може да предизвика срцев удар.

„Недостига доволно познавање за ризиците за кардиоваскуларни заболувања со употреба на тутун. Најголем процент од граѓаните, кои не веруваат дека пушењето може да предизвика мозочен удар е во Кина, и изнесува 73 проценти. 61 процент, пак, од населението во Кина не е свесно дека пушењето може да доведе до срцев удар“, вели Бечер.

СЗО повикува на кревање на свеста кај граѓаните за ризиците од пушењето, нагласувајќи дека информираноста може да спаси животи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG