Линкови за пристапност

Тинејџер обвинет за убиството на четири лица во средното училиште во Џорџија


Луѓето се молат за време на бдение по пукањето во средното училиште Апалачи во Виндер, Џорџија, на 4 септември 2024 година
Луѓето се молат за време на бдение по пукањето во средното училиште Апалачи во Виндер, Џорџија, на 4 септември 2024 година

Пред повеќе од една година, знаците на интернет за закана од пукање во училиште ја навеле полицијата во Џорџија да интервјуира 13-годишно момче, но истражителите немале доволно докази за апсење.

Вчера, тоа момче пукаше во своето средно училиште надвор од Атланта и уби четири лица, а рани девет, соопштија официјални лица.

Тинејџерот е обвинет како возрасен за смртта на средношколците Мејсон Шермерхорн и Кристијан Ангуло, и двајцата 14 години, и инструкторите Ричард Аспинвол (39) и Кристина Ирими (53), изјави директорот на Бирото за истрага во Џорџија Крис Хоси на прес-конференција.

Најмалку уште девет лица - осум ученици и еден наставник во училиштето во Виндер, околу еден час возење североисточно од Атланта - беа пренесени во болница со повреди.

Се очекува сите да преживеат, рече шерифот на округот Бароу, Џад Смит.

Тинејџерот, кој сега има 14 години, треба да биде одведен во регионален притвор за млади денес. Тој бил интервјуиран откако ФБИ добил анонимни информации во мај 2023 година за закани на Интернет дека ќе изврши неодредено пукање во училиште, се вели во соопштението на агенцијата.

ФБИ го упатил случајот до одделот на шерифот во округот Џексон, кој е во непосредна близина на округот Бароу.

До вчера, имаше 29 масовни убиства во САД оваа година, според базата на податоци што ја одржуваат Асошиетед прес и „Ју-Ес-еј Тудеј“ во партнерство со еден унизверзитет.

Најмалку 127 луѓе загинале во тие убиства, кои се дефинирани како инциденти, во кои четири или повеќе луѓе умираат во период од 24 часа, не вклучувајќи го убиецот - истата дефиниција што ја користи ФБИ.

Вчера навечер стотици луѓе се собраа во парк во центарот на Виндер да запалат свеќи.

XS
SM
MD
LG