Линкови за пристапност

Владиката Тимотеј оптимист за решавање на автокефалниот статус на МПЦ


Владиката Тимотеј оптимист за решавање на автокефалниот статус на МПЦ
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:18 0:00

Разговор со митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј

Митрополитот на Дебарско-кичевската епархија, владиката Тимотеј, е оптимист дека прашањето за автокефалниот статус на Македонската православна црква (МПЦ) ќе се реши за брзо време, иако вели дека станува збор за комплицирано прашање. Тој за Гласот на Америка кажа дека одлуката на Бугарската православна црква (БПЦ) да и` биде мајка црква на МПЦ, е само чекор кон изнаоѓање начин за тоа:

„Јас очекувам многу побрзо, не станува збор за години, за месец, два. Јас сум со такво чувство и таква увереност, дека ќе се реши прашањето. Српската православна црква (СПЦ) нема потреба да ја убедуваат. Има други поголеми играчи во православниот свет, кој треба да ги убедат или да ги разубедат. Тоа мислење не е само на БПЦ и на другите, но можеби другите не се подготвени тоа оро да го заиграат“.

Тимотеј вели дека во прилог оди и подобрувањето на политичките односи на релација Скопје-Софија:

„Секоја една состојба се решава кога ќе созрее. Мислам дека е созреано, како на државно ниво да се подобрат некои релации и односи, исто така созреано е во голема мера и на црковен план“.

Инаку, Синодот на БПЦ пред неколку дена одговори позитивно на писмото со кое МПЦ бара да и` биде мајка-црква, и донесе одлука да ја застапува пред православните цркви, за утврдување на нејзиниот канонски статус затоа што тоа била нејзина света должност. Владиката Тимотеј уште вели дека во разговор со некои од архиереите на БПЦ, искажувале подготвеност да ја признаат, односно да се изборат за целосен автокефален статус на МПЦ во семејството на останатите православни цркви.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG