Линкови за пристапност

Тројца уапсени во САД и еден во Пакистан за поврзаност со нападот на Тајмс сквер


Холдер вели дека лицата може да обезбедиле пари за осомничениот бомбаш, Фаисал Шахзад.

Американските истражители уапсиле три лица во четвртокот за кои се сомневале дека имаат врски со Американецот со пакистанско потекло обвинет за неодамнешниот неуспешен обид за бомбашки напад на Тајмс сквер, додека пакистанските власти привеле друго лицево Пакистан кое може да било соучесник.

Американскиот јавен правобранител Ерик Холдер кажа дека агентите ги уапсиле тројцата во претрес на локации во приградски населби на Бостон, во Масачусетс, како и во Њујорк и Њу Џерси.

Холдер вели дека лицата може да обезбедиле пари за осомничениот бомбаш, Фаисал Шахзад. Тој кажа дека официјалните претставници се обидуваат да ја утврдат целта на осомничените трансакции и дали знаеле за бомбашкиот заговор. Шахзад им кажал на властите дека работел сам.

Одвоено од ова, Вашингтон пост извести дека пакистанските власти уапсиле осомничен кој работел како соучесник на Шахзад. Весникот цитира американски разузнавачки извори и пишува дека осомничениот исто така обезбедил „независен тек“ на докази дека Талибан стои зад неуспешното бомбардирање.

Холдер вели дека САД веруваат оти Пакистански Талибан е одговорен за обидот за напад со автомобил бомба и дека Вашингтон работи со Пакистан на истрагата.

Пакистански Талибан, пак, негира секаква поврзаност со бомбашот – изјава што е во контрадикција со претходната на групата кажа дека ја презема одговорноста за неуспешниот напад.

XS
SM
MD
LG