Њујоршката полиција повторно го отвори Тајмс сквер за сообраќај откако накусо беше затворен поради сомнителен пакет, на помалку од една недела по обидот за напад со автомобил – бомба во овој дистрикт што е богат со институции на забавувачката индустрија.
Пакетот, што по проверката беше речено дека не е закана, беше најден во петок, недалеку од местото каде пакистанскиот Американец Фаизал Шахзад наводно се обидел да детонира рачно направена бомба.