Линкови за пристапност

Одделот за правда против преземањето на Time Warner од страна на AT&T

Одделот за правда на САД поднесе тужба во обид да го спречи преземањето на „Тајм Ворнер“ (Time Warner) од страна на телекомуникацискиот гигант AT&T, нарекувајќи го потегот нелегален и споредувајќи го со изнуда.

Во соопштението од Одделот за правда се вели дека со преземањето вредно 108 милијарди долари значително ќе се намали конкуренцијата, а тоа ќе резултира со повисоки цени и помалку иновации за милиони Американци.

Под „Тајм Ворнер“ се CNN, HBO, TNT, Cartoon Network и Cinemax - мрежи пренесуваат популарни вести, филмови, комедии, телевизиски серии и спорт.

Претседателот на САД, Доналд Трамп не го крие неговиот презир кон едно од најголемите достигнувања на „Тајм Ворнер“ - CNN, поради неговата перцепција дека телевизијата спроведува директни напади против неговата администрација.

Трамп за време на минатогодишната претседателска кампања се заложи за блокирање на преземањето.

This item is part of

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG