Линкови за пристапност

Тилерсон: Личното мислење не треба да се одрази врз нашата мисија


Државниот секретар, на средба со дипломатите во Стејт департмент, им рекол дека ќе воведе принципи, со цел агенцијата да работи на најефикасен можен начин

Државниот секретар Рекс Тилерсон денес на вработените во Стејт департмент, им соопштил дека на дипломатите би требало да им се дозволи да го изразат нивното политичко мислење, но, нагласил оти „не можеме да дозволиме нашите лични убедувања да се одразат врз нашата способност да работиме како еден тим“.

Тилерсон го истакнал ова, во истата недела кога беше потпишана претставка од речиси 1.000 претставници од Стејт департмент, изразувајќи несогласување со неодамнешната извршна наредба на претседателот Доналд Трамп, привремено да забрани влез на граѓани од седум држави, со доминантно муслиманско население.

Тилерсон им рекол на вработените дека ќе имплементира „неколку суштински принципи“ на одговорност, искреност и на почит, со цел да осигура дека агенцијата работи на „најпродуктивен и ефикасен можен начин“.

Сенатот вчера ја потврди номинацијата за Тилерсон, поранешен извршен директор на корпорацијата „Ексон Мобил“.

Тилерсон ќе наследи бројни глобални предизвици, вклучувајќи ги и граѓанската војна во Сирија и зголемувањето на нуклеарните капацитети на Северна Кореја.

Тој исто така ќе треба да се справи со зголемената тензија со Мексико, како резултат на изградбата на ѕидот на границата САД-Мексико, како и воведувањето на четиримесечната мерка за влез на бегалци во САД.

XS
SM
MD
LG