Американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон, денеска во Етиопија беше пречекан од својот етипски колега Воркне ГебејехуВ ,со сите почести.
Ова е првата станица од турнејата на Тилерсон во Африка, континент којшто е се` поблизок со Кина во врска со прашања како трговијата и помошта.
Во посета на Етиопија денеска беше и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, но нема потврда дали е планирана средба меѓу овие двајца дипломати.
Неколку часа пред да замине на турнејата, Тилерсон истакна дека САД се посветени на градењето на „силна основа во односите на САД и Африка“, обвинувајќи ја Кина за „поттикнување зависност“ заради пристапот кон континентот.
Во говор во вторникот, Тилерсон рече дека САД сакаат да ги тргнат бариерите за трговија и инвестиции во Африка, чиј најголем партнер досега беше Кина.
Државниот секретар додаде дека пристапот на САД за „поттикнување на добро владеење“, остро се спротивставува со оној на Кина, која користи нетранспарентни договори, експлоатирачки практики за заеми и корумпирани зделки, коишто ги ставаат државите во долг и го подриваат нивниот суверенитет.
Тилерсон се очекува да ги посети и Чад, Џибути, Кенија и Нигерија, а некои од овие земји веќе помагаат во борбата против џихадистите поврзани со Ал Каида и Исламската држава.
Facebook Forum