Линкови за пристапност

Тилерсон негира дека бил фрустриран од Трамп


Државниот секретар ги негираше информациите дека наводно сакал да даде оставка во јули

Претседателот Доналд Трамп ја повтори неговата целосна доверба во државниот секретар Рекс Тилерсон, по информациите за тензични односи меѓу нив.

Тилерсон, во одговор на извештајот на Ен-Би-Си, во кој се вели дека тој наводно бил фрустиран од претседателот Трамп, ги негираше информациите дека бил на раб да даде оставка во јули.

Дополнително, портпаролот на Стејт департмент демантираше дека Тилерсон го нарекол претседателот морон, велејќи дека не користи таков вокабулар.

Во меѓувреме, републиканскиот претседавач со Сенатската комисија за надворешни работи Боб Коркер излезе со поддршка за Тилерсон.

„Според мене, тој се наоѓа во неверојатно фрустрирачко место, и во многу ситуации не е поддржан на начин, на кој се надевам дека државниот секретар би требало да биде поддржан“, изјави Коркер.

Тој ја истакна неговата фрустрација од претседателот Трамп, велејќи дека треба јавно да коментира колку што е можно помалку за Северна Кореја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG