Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон вети блиска соработка со Индија во борбата против тероризмот, при неговата посета на Њу Делхи, каде се среќава со индиски официјални претставници.
На прес конференција со министерката за надворешни работи на Индија Сушма Свараж, Тилерсон рече дека САД ја засилиле заложбата за Авганистан, како и за мир и стабилност во регионот на Јужна Азија.
„Индија игра голема улога во овој напор“, рече тој, и нагласи:
„Во борбата против тероризмот, САД ќе останат рамо до рамо со Индија. Нема да се толерира тероризам“, рече Тилерсон.
Facebook Forum