Линкови за пристапност

Тилерсон денес во Пакистан


Државниот секретар вели дека врската на САД со Пакистан ќе зависи од тоа како Пакистан делува против радикалните групи

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон денеска е во посета на Пакистан, за да се сретне со лидерите и да ја потврди пораката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, дека треба да делуваат многу повеќе против Талибан, и кон другите радикални групи во државата.

Тилерсон рече дека врската на САД со Пакистан ќе зависи од тоа како Пакистан делува, и оти целта е да се создаде можност за мир и стабилност, и во Пакистан и во Авганистан.

Како дел од неговото патување, Тилерсон вчера го посети Авганистан, каде заедно со авганистанкиот претседател Ашраф Гани и други високи официјални претставници, зборуваше за новата стратегија на САД за Јужна Азија.

Во објавената изјава, Гани рече дека новата американска стратегија донела позитивна промена во регионот, додавајќи дека „сите надлежни треба добро да се носат со обврските“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG