Државниот секретар Рекс Тилерсон изјави дека руското мешање во ланските претседателски избори довело до „сериозна недоверба“, и оти заедно со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, разговарале дека е потребно многу работа за подобрување на односите САД - Русија.
Двајцата дипломати разговарале на маригините на регионалниот форум на Филипините, каде Тилерсон му кажал на Лавров дека САД ќе одговорат на руската одлука за повлекување стотици американски диполмати од Москва, најдоцна до први септември.
„Му кажав на министерот за надворешни работи дека не сме донеле одлука како ќе одговориме на руското барање за повлекување дипломатски персонал“, рече Тилерсон.
Лавров изјави дека „и покрај најновиот пакет санкции на САД сметаме дека нашите американски партнери треба бидат отворени за дијалог. Нема алтернатива на тоа“.
Состанокот беше прв контакт на високо ниво меѓу двете држави, откако претседателот Донлад Трамп минатата недела, без лично согласување, потпиша нови санкции против Русија, за наводно мешање во изборите во САД минатата година.
Facebook Forum