Линкови за пристапност

Тилерсон: Приоритет е да се спречи насилството во Источна Украина


Државниот секретар во Виена најави дека нема да се укинат санкциите против Русија, додека таа не ги повлече силите од Крим

Државниот секретар Рекс Тилерсон вели дека САД нема да ги укине санкциите против Русија, додека Москва не ги повлече силите од Источна Украина и Крим.

Тилерсон, вчера во Виена, се сретна со неговиот руски колега, на маргините на состанокот на министри за надворешни работи на државите од Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

Тој ја обвини Русија за вооружување, обука и борба, заедно со антивладините сили.

„Нашиот прв приоритет е да се спречи насилството во Источна Украина, така што да можеме да го почнеме процесот на имплементирање на елементите од Договорот од Минск, на кој се обврзаа страните“, рече Тилерсон.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров рече дека „целата одговорност е кај Украина“, укажувајќи на насилството.

Договорот беше потпишан во Минск, Белорусија, во 2015-та година, со цел да се прекине огнот меѓу руските сепаратисти, кои се борат против украинските сили во Источна Украина.

Во овој конфликт загинаа повеќе од 10.000 лица.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG