Напорите на американскиот државен секретар, Рекс Тилерсон за разрешување на спорот меѓу Катар и неговите соседи во Персискиот Залив, се преселија во Саудиска Арабија, каде што тој треба да се состане со официјални претставници од државите кои го обвинуваат Катар за поддршка на тероризмот.
Разговорите во Џеда доаѓаат еден ден откако Тилерсон објави дека САД и Катар потпишале меморандум за разбирање во Доха, за преземање на чекори за спречување на финансирањето на тероризмот:
„Денес во Катар со мене го носам истиот дух што претседателот Трамп го имаше во мај, кога отпатува во Ријад,“ и додаде „САД имаат една цел: да го искоренат тероризам од лицето на земјата“.
Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет во соопштение велат дека ги ценат напорите на САД во борбата против тероризмот, но велат дека договорот потпишан во вторникот е „недоволен“ и тие внимателно ќе следат колку Катар е „сериозен“во борбата против финансирањето и поддршка на тероризмот.
На 5 јуни, четирите нации ги прекинаа дипломатските врски и воспоставија копнена, воздушна и поморска блокада на Катар. Групата арапски нации предводена од Саудиска Арабија го обвинува Катар за поддршка на тероризмот и на Доха и достави список од 13 барања. Катар соопшти дека е подготвен да преговара, но нема да се откаже од својот суверенитет.
Facebook Forum