Претседателот на САД Доналд Трамп, преку Твитер истакна: „Му благодарам на Рекс Тилерсон за неговата служба. Џина Хаспел ќе биде новата директорка на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) и прва жена на оваа функција. Честитки до сите“.
Трамп за Тилерсон кажа дека е човек со голем интелект и енергија, но дека имале меѓусебни несогласувања по различни прашања, како Нуклеарниот договорот со Иран.
Тилерсон, којшто тукушто се врати од првата официјална посета на Африка, пред новинарите во Стејт департментот, кажа дека до крајот на денот, сите овластувања му ги дава на заменикот-државен секретар Џон Саливан. Тој притоа ја истакна потребата од непречена транзиција. На функцијата официјално ќе остане до 31-ви март.
Во меѓувреме, номинацијата на Помпео треба да биде потврдена од американскиот Сенат.
Facebook Forum