Линкови за пристапност

Директорот на ЦИА ќе го замени Тилерсон?


Според извештаите на неколку медумски куќи во САД, ќе следи смена на државниот секретар во наредните неколку недели

Претседателот Доналд Трамп во наредните неколку недели може да го замени државниот секретар Рекс Тилерсон со директорот на Централната разузнавачка агенција (ЦИА) Мајк Помпео, јавуваат медиумите, цитирајќи официјални лица од администрацијата.

Според извештаите на неколку медумски куќи во САД, највисоката националната безбедност е доведена во прашање веќе извесно време, иако, како што стои во извештаите, не е јасно дека Трамп ја донел ваквата одлука за смена.

Запрашан од новинарите во Белата куќа за иднината на Тилерсон, Трамп изјави: „Тој е тука. Рекс е тука“. Претседателот на даде други коментари.

Белата куќа не им придаде значење на медиумските извештаи за заминувањето на Тилерсон.

„Како што рече претседателот, Рекс е тука“, рече портпаролката Сара Хакаби Сандерс, и додаде:

„Нема никакви најави во овој момент. Секретарот Тилерсон продолжува да го води Стејт департментот, и целиот кабинет е фокусиран на комплетирање на оваа, неверојатно успешна година на администрацијата на претседателот Трамп“.

Во објавените извештаи се наведува дека републиканскиот сенатор од Арканзас Том Котон, лојален сојузник на Трамп за прашањата за национална безбедност, ќе го замени Помпео, како директор на ЦИА

Во медиумските извешати се вели дека заминувањето на Тилерсон од Стејт департментот би ставило крај на неговиот проблематичен мандат, кој се судри со Трамп во справување со нуклеарната закана од Северна Кореја.

Томас Рајт од Институтот „Брукингс“, за Гласот на Америка, изјави дека „државниот секретар е влијателен само ако е близок до претседателот. Сега кога Белата куќа им кажала на бројни медиуми дека има намера да го замени Рекс Тилерсон, тој ја нема моќта што ја уживаше“.

Но, Тилерсон на почетокот на октомври, рече дека никогаш не ја зел предвид опцијата да замине, и оти ќе остане на функцјата се` додека претседателот чувствува дека тој може да ги исполни зацртаните цели.

Сенаторот Боб Кокер изјави дека разговарал со Тилерсон, и оти тој нема информации за какви било промени.

Неофицијално, Помпео ја добил довербата на Трамп додека лично го брифирал за ЦИА во Белата куќа, додека сенаторот Котон важи за конзервативен законодавец, кој ги поддржува политиките на Трамп.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG