Линкови за пристапност

Тилерсон до Северна Кореја: Ние не сме ваш непријател


Највисокиот американски дипломат испрати порака до Северна Кореја, велејќи: „ние не сме ваш непријател“, додека Белата куќа и понатаму тврди дека на маса остануваат сите опции со цел прекинување на ракетните и програмите за нуклеарно оружје на Пјонгјанг.

За време на брифингот за медиумите на Стејт департментот, државниот секретар Рекс Тилерсон рече дека САД „не бараат промена на режимот, ние не бараме колапс на режимот, не бараме забрзано обединување на полуостровот, не бараме изговор за да испратиме војска северно од 38-та паралела.“

И покрај тоа што Тилерсон Северна Кореја ја нарече „неприфатлива закана“ за САД, тој додаде: „Се надеваме дека во одреден момент тие ќе го разберат тоа, и би сакал да седнеме и да имаме дијалог.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG