Линкови за пристапност

Тилерсон повика на разговори со Северна Кореја, без предуслови


Државниот секретар на САД рече дека Пјонгјанг мора да го промени правецот со нуклераните програми

Државниот секретар Рекс Тилерсон нуди да почне отворени разговори со Северна Кореја без предуслови, но, рече дека Пјонгјанг мора да изрази волја да го промени неговиот правец со нуклеарните програми.

Тилерсон ја најави неговата иницијатива при обраќање на Форум на Корејската фондација при Атлантскиот совет вчера.

„Подготвени сме да разговараме во кое било време, во кое тие би сакале да разговараат, но, мора да дојдат со став дека сакаат да направат различен избор. Во меѓувреме, нашата воена подготвеност е силна. Поради моменталната ситуација, претседателот нареди целосна воена подготвеност. Како што реков многу пати досега, ќе продолжам со дипломатските напори додека не биде фрлена првата бомба“, рече Тилерсон.

Тој, исто така, нагласи дека претседателот би сакал Кина да прекине со нафтено снабдување на Северна Кореја, нагласувајќи дека последниот пат кога Северна Кореја решила да седне на маса за да разговара, било кога Кина ја прекинала испораката на нафта во Пјонгјанг.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG