Линкови за пристапност

Тилерсон: НАТО сојузниците мора да го зголемат буџетот за одбрана


Тилерсон во Брисел
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:36 0:00

Американскиот државен секретар посочи на три важни точки во разговорите со сојузниците

Државниот секретар Рекс Тилерсон за време на посетата на Брисел, истакна дека земјите-членки на НАТО мора да го зголемат буџетот за одбрана.

Шефот на американската дипломатија по средбата со неговите колеги од Алијансата, подвлече дека НАТО мора да ги има „сите ресурси, финансиски и други – потребни за да ја исполни својата мисија во места како Ирак и Сирија.

Тилерсон на агендата на разговорите ја стави и руската агресија во Украина.

Пред да пристигне во Брисел, тој посочи на три важни точки на кои би се фокусирала дискусијата со сојузниците: ресурсите на НАТО, борбата на организацијата против тероризмот, вклучувајќи ја Исламската држава и позицијата на Алијансата во Европа, особено Источна Европа, како одговор на руската агресија во Украина и пошироко“.

Во Лондон, американскиот секретар за одбрана Џим Матис, на средбата со неговиот британски колега исто така изразил загриженост во врска со Русија. Матис пред новинарите кажа дека Русија во Авганистан одржува контакти со Талебан.

Матис, исто така се наврати на „несовесните“ активности на Северна Кореја во кои е вклучено нуклеарно оружје и ракетни програми на земјата. Тој на Северна Кореја се наврати по одговорот на друго новинарско прашање во врска со Иран.

„Во поширока перспектива“ рече Матис, Северна Кореја е поитна закана.

„Оваa закана е реторичка и преку зајакната способност на земјата“, рече Матис, додавајќи дека подготовките за нуклеарна проба на Северна Кореја „мора да бидат запрени.“

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG