Триесет и двајца конгресмени, пријатели на Македонија, испратија писмо до државниот секретар на САД Рекс Тилерсон, во кое бараат да ја посети Македонија, со цел зацврстување на односите со САД.
Во писмото се вели дека, заедно со партнерите во НАТО и во Европската унија, одблизу го следат развојот на политичката ситуација во државата, и оти е потребна цврста врска со Македонија, како клучен балкански сојузник.
„Покрај заедничките интереси, како и економско и безбедносно партнерство, последен пат американски секретар за одбрана ја посетил Македонија пред една деценија, додека државен секретар на САД го посетил Скопје пред 15 години“, стои во писмото до Тилерсон.
Во писмото се нагласува дека Русија сака да го зголеми влијанието во овие чувствителни држави во регионот, и оти динамиката на Балканот претставува одлична можност да се покаже дека САД поддржуваат зацврстување на врската со Македонија“
Писмото уследи откако претседателот на Обединетата македонска дијаспора (ОМД) Мето Колоски, покрена инцијатива во Конгресот, за унапредување на американско-македонските односи, преку повик за посета на Македонија од државниот секретар на САД, пред еден месец.
Facebook Forum