Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, денес во Лондон се сретна со британски и француски официјални претставници на разговори за зајакнатиот притисок врз Северна Кореја во врска со нуклеарните и ракетните програми на државата. Тој исто така ќе учествува на седницата посветена на политичката ситуација во Либија.
Ова беше прва средба на Тилерсон со британската премиерка Тереза Меј.
Тој ќе разговара и со министерот за надворешни работи Борис Џонсон, и францускиот политички директор Николас Ривиер.
Од кабинетот на Џонсон соопштија дека тројцата лидери ќе разговараат за „справување со агресивните и незаконските дејства на режимот на Северна Кореја“.
Американските, британските и француските дипломати планираат да дискутираат и за мерките за обнова на териториите погодени од ураганот Ирма.
Facebook Forum