Линкови за пристапност

Номинираниот државен секретар со пензиски договор од 180 милиони долари


Поранешниот директор на „Eксон Мобил“ со компанијата склучил договор за да избегне конфликт на интереси

Номинираниот државен секретар Рекс Тилерсон и „Eксон Мобил“ склучиле договор за негово пензионирање во висина од 180 милиони долари. Со него, поранешниот извршен директор на компанијата, би се откажал од бонуси во готовина вредни преку 4 милиони долари, а кои требало да ги добие во рок од три месеци.

На договорот се гледа како на начин Тилерсон да ги испочитува обврските поставени од федералните регулатори за етика, а кои се однесуваат на конфликт на интереси.

Според договорот, Тилерсон ќе се откаже и од акции на компанијата вредни 2 милиона долари, а за возврат „Eксон Мобил“ се согласил да ја исплати оваа сума, но ќе биде во рамки на фонд на компанијата.

Воедно, Тилерсон ќе има забрана да работи во нафтената и индустријата за гас во наредните 10 години.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп го номинираше Тилерсон на функцијата државен секретар минатиот месец. Тој беше извршен директор на „Eксон Мобил“ изминативе 10 години, пред да се пензионира на 31-ви декември.

XS
SM
MD
LG