Линкови за пристапност

Тилерсон во Брисел вети силна поддршка за ЕУ


На средбата со Федерика Могерини, шефицата за надворешна и безбедносна политика, првиот човек на американската дипломатија, разговараше за нуклеарниот договор со Иран, заканата од Северна Кореја и соработката во борбата против тероризмот

Државниот секретар Рекс Тилерсон вети силна поддршка на САД за ЕУ за време на денешната средба со претставници на Унијата во Брисел.

„Партнерството меѓу Америка и ЕУ, како што е општо познато, е долгорочно“, истакна Тилерсон по средбата со еврокомесарката Федерика Могерини. „Се темели на заеднички вредности, заеднички цели за постоење безбедност и напредок на обете страни на Атлантикот, и остануваме определени на тоа“.

Тилерсон и високата претставничка за надворешна и безбедносна политика, разговараа и за нуклеарниот договор со Иран, заканата од Северна Кореја и соработката во борбата против тероризмот.

„Заедничките цели во однос на поразување на ИСИС, се битни, но не само пораз на терористичката организација во Ирак и Сирија, туку и на глобално ниво“, истакна Тилерсон.

Тој имаше средба и со Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг и му се заблагодари за „силното лидерство“ на Алијансата.

Од Брисел, шефот на американската дипломатија ќе отпатува за Виена, каде ќе учествува на годишната средба на ОБСЕ, со фокус на контролата на вооружување, човекови права, како и поддршка за суверенитетот на Украина.

Во рамки на турнејата во Европа, Тилерсон ќе ја посети и Франција.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG