Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон кажа дека е уверен оти администрацијата на Трамп може да продолжи да ги остварува американски цели во надворешната политика, и покрај предложените масовни кратења на финансирањето на дипломатските програми и странската помош.
Предложениот буџет на претседател на САД Доналд Трамп за 2018-та година, ќе ги намали средствата на Стејт департментот и на Агенцијата за меѓународен развој (УСАИД) за 32 проценти, но, Тилерсон вели дека не значи дека износот на финансирање мора да биде во корелација со постигнатите резултати.
Конгресот е одговорен за одобрување на федералниот буџет, а предлог-буџетот на претседателот се соочува со двопартиско спротивставување.
Facebook Forum