Линкови за пристапност

Тилерсон на прво патување во Азија


САД истражуваат нови опции за справување со Северна Кореја додека државниот секретар Рекс Тилерсон неделава се подготвува да замине за Јапонија, Јужна Кореја и Кина. Тилерсон се соочува со предизвици кои вклучуваат тензии со Кина во врска со контроверзната ракетна одбрана, и компликации што резултираат од јужнокорејските политички турбуленции.

Нуклеарната и заканата од балистички проектили на Пјонгјанг е високо на агендата на Тилерсон.

Ова го навести портпаролот на Белата куќа кој додаде дека САД ќе разговараат со сојузниците и партнерите во регионот како да се пристапи на Северна Кореја. Во Кина, американскиот дипломат ќе се надоврзе на телефонскиот разговор на претседателот на САД со кинескиот колега, во напор да се гради конструктивен билатерален однос, вели Белата куќа.

XS
SM
MD
LG