Линкови за пристапност

Државниот секретар Тилерсон во посета на Чад


Ова е прва официјална турнеја на шефот на американската дипломатија на Африка.  Некои од земјите во рамки на турнејата, како Чад, Кенија, Џибути и Нигерија, веќе помагаат во борбата против џихадистите поврзани со Ал Каида и Исламската држава

Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, денеска е во посета на Чад, каде ќе се сретне со претседателот Идрис Деби, а претходно имаше средба со својата кениска колешка, Моника Јума. Подоцна во денот, тој ќе отпатува во Абуџа, главниот град на Нигерија, на разговори со нигерискиот претседател Мухамаду Бахари.

Од Стејт департментот рекоа дека Тилерсон, за еден ден ја скратува турнајата во Африка, за да се справи со горливото прашање со Северна Кореја.

Шефот на американската дипломатија во неделата продолжи со агендата во Кенија, откако ден претходно ги откажа настаните, бидејќи, како што соопштија од неговиот кабинет „не се чувствувал добро“.

Тилерсон воедно положи венец во амбасадата на САД во Најроби, во чест на загинатите и повредените во терористичкиот напад врз зградата, што се случи пред 20 години.

Ова е прва официјална посета на Рекс Тилерсон на Африка. Некои од земјите во рамки на турнејата, како Чад, Кенија, Џибути и Нигерија, веќе помагаат во борбата против џихадистите поврзани со Ал Каида и Исламската држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG