Линкови за пристапност

Венецуела - во фокусот на турнејата на Тилерсон во Латинска Америка


Меѓу земјите на агендата на шефот на американската дипломатија, се Мексико, Аргентина, Перу и Колумбија, со конечна станица во Јамајка, закажана за 7-ми февруари

Државниот секретар Рекс Тилер, денеска ја започнува шестдневната турнеја низ Латинска Америка, каде со владини претставници во регионот се очекува да разговара за демократските реформи во Венецуела.

Меѓу земјите на агендата на шефот на американската дипломатија, се Мексико, Аргентина, Перу и Колумбија, со конечна станица во Јамајка, закажана за 7-ми февруари.

САД ќе ги користат „сите свои политички, дипломатски и економски средства, за решавање на ситуацијата во Венецуела“, изјави виш претставник на Стејт департментот на брифингот пред патувањето на Тилерсон.

Венецуела веќе петта година се наоѓа во политичка и економска криза. Во јануари, американскиот Оддел за финансии, на листата со санкции додаде четворица сегашни или поранешни виши воени претставници на Венецуела, обвинувајќи ги за корупција и репресија, што резултираше за критичен недостиг на храна и лекови и за нарушување на човековите права. Санкции воведе и ЕУ.

Претседателот Николас Мадуро, кој ги обвинува САД за предводење на меѓународните напори за соборување на неговата социјалистичка администрација, минатиот месец објави дека ќе се кандидира за втор шестгодишен мандат и повика на распишување на избори до 30-ти април.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG