Линкови за пристапност

Тројца претседатели во посета на границата со Грција


Посетата на претседателите на Хрватска и Словенија доаѓа на денот по одлуката на Иванов за помилување

„Се' што имав да кажам, кажав во мојата изјава“ – беше одговорот на претседателот Иванов на прашањето дали ќе ја повлече одлуката за општа аболиција која предизвика силни реакции и кај јавноста и кај опозицијата која побара негова оставка. Шефот на државата кој вчера и денеска е домаќин на хрватскиот и словенечкиот претседател рече дека не би сакал да коментира во присуство на вискои гости од странство. Претседателската тројка го посети бегалскиот центар кај Гевгелија.

„Состојбата овде на границата е прилично тешка и сложена. Како што гледате мигрантите од другата страна, од грчата страна на границата и понатаму се обидуваат да поминат и да ја отворат оваа балканска рута, но таа останува затворена се' додека државите кои се нивни крајни дестинации не се изјаснат дали ќе ги примат или не. Во куските разговори со овие јадни луѓе од Сирија, Авганистан и Пакистан, од кои некои чекаат со месеци, а некои патувале од Сирија со месеци,... Нивниот живот е тежок се чусвтвуаат збунето , во неизвесност и сметам дека сите заедно им должиме одговор. Мислам дека ЕУ и некои земји-членки треба да пратат одговор што понатаму“ – изјава претседателката на Република Хрватска Колинда Грабар Китаровиќ.

„Македонија долги години не напредува, во смисла на евроинтеграции, во смисла на членство во НАТО. Мој став е дека сите тие проблеми може да се решаваат во рамките на демократските процеси и дека за тоа има подготвеност во Македонија. Потребно е национално единство одвнатре во Македонија“ – изјави претседателот на Словенија Борут Пахор.

Тројцата претседатели денешните изјави ги дадоа од транзитниот центар „Винојуг“ кај Гевгелија. Иванов, Пахор и Грабар-Китаровиќ не го посетија граничниот камен 59 на македонско-грчката граница, каде пред два дена се случи сериозен инцидент меѓу полицијата и мигрантите кои сакаа да влезат на македонска територија. Од МВР информираат дека причините за тоа се од бесбедносен карактер. Околу 200 мигранти кои биле информирани за најавената посета од претседателите, почнале да викаат и да се приближуваат до границата за да го привлечат вниманието на јавноста.

XS
SM
MD
LG