ВАШИНГТОН —
На овој ден, пред 40 години, се случи нуклеарната катастрофа во електраната „Три мајл ајленд“ во сојузната држава Пенсилванија.
При несреќата немаше жртви, иако случаите на лица заболени од рак во околината ја зголемија загриженоста дека болеста е поврзана со оваа катастрофа.
Сопственикот на „Три мајл ајленд“ најави планови за затворање на централата на 30 септември годинава.
Сепак, законодавците од Пенсилванија работат на план да ја спасат електраната, како и стотиците работни места што таа ги обезбедува.
Facebook Forum