Линкови за пристапност

Терористичка закана за американски цели во Северна Африка


Според Стејт департментот сили се распоредени за поддршка на обезбедувањето на дипломатскиот персонал.

САД ги засилуваат силите во Сицилија по можните терористички закани против американските цели во Северна Африка.

Близу 200 маринци, четири авиони Оспреј, и два авиони КЦ-130 се префрлени на италијанскиот остров неделава од нивната база во Шпанија.

Зборувајќи во петок во Вашингтон, портпаролот на Стејт департментот не сакаше да ја специфицира природата на заканите, но кажа дека силите се распоредени за „поддршка на обезбедувањето на дипломатскиот персонал“.

Неделава имаше борби во Бенгази, Либија, каде исламистички милитанти го нападнаа американскиот конзулат во септември 2012 и го убиjа амбасадорот Кристофер Стивенс.

Стејт департментот кажа дека трансферот нема ништо со 276-те девојчиња кои милитанти ги држат во Нигерија. Американски извиднички беспилотни летала и авиони летаат над Нигерија да помогнат во потрагата по девојчињата.
XS
SM
MD
LG