Нема сомнение дека пушењето е штетно за вас, и за друго лице што го вдишува чадот. Ново истражување покажа дека и откако ќе ја изгаснете цигарата, пушењето се' уште може да биде опасно.
Пушењето го зголемува ризикот за рак и срцево заболување кај пушачите. Непушачите кои се изложени на димот од цигарата исто така се изложени на ризик за рак на белите дробови.
Истражувачите ги испитуваат ефектите од таканаречените последици од пушењето од трета рака.
Мануела Мартинс-Грин е биолог за клетки на Универзитетот „Риверсајд“ во Калифорнија.
„Последиците од трета рака се акумулации од пасивното пушење врз површини на животната средина. Чадот од цигарата остава наслаги на каучите, теписите, облеката, косата, дури и на дрвените површини. И не се случува ова само во домовите, туку и во автомобилите“, вели Мартинс-Грин.
Таа исто вели дека посебно децата се изложени на ризик на последиците од пушењето од трата рака, бидејќи си играат на тепихот и потоа ги ставаат рацете во уста.
Заканата не е само во домовите и автомобилите. Тие отровни состојки можат да се шират преку системот за вентилација доколку има пушачи во зградата.
Мартинс-Грин и нејзините колеги откриваат дека талогот од цигарите лесно се апсорбира во телото.
„Тие хемикалии се апсорбираат преку кожата многу брзо. Преку циркулацијата се движат низ целото тело и тоа е нешто што не посакувате да ви се случи.“
Истражувачите проучиле дека ефектите од последиците од трета рака кај глувците, со употреба на куќишта со чад за да се симулира пасивно пушење.
Дошле до сознание дека први знаци на здравствен проблем кај животните се јавиле кај црниот дроб, со покачување на липидите или мастите, што се јавува кај луѓето со пред-дијабетес. Тие го измериле шеќерот во крвта кај глувците и дознале дека е на високо ниво како и инсулинот, хормон кој телото го користи да ја претвори глукозата во енергија.
Преку изложеност на токсични хемикалии од последиците од трета рака, глувците развиле отпорност на инсулин, претходник на дијабетес тип 2. Наодите се објавени во списанието PLoS One.
Мартинс-Грин вели процесот може да започне во детството и лекарите сега дијагностицираат тинејџери со покачен шеќер во крвта.
„Многу релевантен аспект на науката што исто така е објавен во списанието, е дека кога ги храните глувците со храна богата со масти, храна што многу од тинејџерите и младата популација ја конзумираат, хамбургери, тако и секоја друга храна која содржи масти, дознаваме дека ефектите од последиците од пушење од трета рака придонесуваат за влошување на заболувањето.“
Мартинс-Грин прави напори да најде врска помеѓу последиците од пушењето од трета рака и оштетувањето на црниот дроб.