Претседателот на САД, Доналд Трамп се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Белата куќа.
Ова е прва лице-в-лице средба со виш руски дипломат, откако тој ја презеде функцијата во јануари.
Порано денеска американскиот државен секретар РексТилерсон во Стејт департментот имаше средба со својот руски колега, а во фокусот на разговорите беа разликите помеѓу двете земји за Сирија и Украина.
Ова е прва посета на Лавров на Вашингтон од 2013-та година, наваму.
Facebook Forum