Линкови за пристапност

Нов поглед на теоријата за еволуцијата


Нов пристап повикува на создавање на мултидимензионално дрво на животот

Научниците од неколку американски и кинески универзитети велат дека новите сознанија за микробите и нивната интеракција со останатите видови упатуваат на тоа дека Дарвиновата теорија за еволуцијата треба да биде ажурирана.

Нивното тврдење се заснова на откритието дека сите растенија и животни, вклучувајќи ги и луѓето, еволуираат преку интеракцијата со голем број на микроскопски видови - бактерии, вируси и габи - не само на непријателски начин, но исто така и на корисен.

Во статијата објавена во научното списание „Трендови во екологија и еволуција“, научниците од Универзитетот на Колорадо, од Сан Јет-Сен Универзитетот во Квангџоу, како и истражувачи од неколку други универзитети велат дека дрвото на животот на Дарвин не признава дека многу форми на живот се поврзани физички и еволуирале заедно во т.н. симбиоми.

Авторите предлагаат создавање на работна група која ќе користи напредни компјутерски методи за создавање на мултидимензионално еволуционо дрво со која ќе биде опишана нашата комплексна интеракција со микробите.

Со векови, светските митологии го користат т.н. дрво на животот, како метафора за различностите кои произлегуваат од еден единствен извор.

Во 1859-та година, Чарлс Дарвин го искористил истиот концепт за да ја објасни неговата теорија за еволуцијата, претставувајќи ја како дводимензионално дрво со одделни видови кои се развиваат независно од другите гранки.

Научниците велат дека ажурираниот поглед на симбиомите може да има големо влијание не само во биологијата, туку исто така и во многу други области во науката и технологијата, дури и општеството.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG