Линкови за пристапност

Американците го слават Денот на благодарноста


Obama Thanksgiving
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:00:47 0:00

Обама служи храна за Денот на благодарноста

Со богата трпеза во чиј центар е мисирка овој празник е и ден за собир на семејството, што го прави празникот време кога во САД најмногу се патува.

Aмериканците овој четврток го одбележуваат годишниот празник Ден на благодарноста, со семејни собирања, заеднички оброк и шопинг по намалени цени.

Гозбите се фокусирани на мисирка со многу традиционални јадења и десерти како дополнение, што заедно прави традициција за празникот кој секогаш се слави на последниот четврток во ноември.

На предвечерјето на празникот, американскиот претседател Барак Обама и неговото семејство раздаваа храна на клиенти во Вашингтон, во центар што обезбедува храна, облека и други услуги за сиромашните.

Порано во денот, Обама проследи друга традиција специфично за претседателите „пардонирајќи“ мисирка. Белата куќа организираше натпревар на Интернет последнава недела барајќи од луѓето да гласаат која птица да добие „пардон“ – „Сирење„ или „Мак“. Официјалното „пардонирање“ отиде кај мисирката именувана „Сирење“, но двете мисирки, тешки околу 23 килограми секоја, ќе бидат поштедени и нема да завршат на ничија трпеза.

Друга традиција за Денот на благодарноста се распродажбите во преполни продавници на почетокот на празничната сезона за шопинг.

Распродажбите на таканаречениот „Црн петок“ започнуваат во четврток, на Денот на благодарноста, па дури и неколку дена пред тоа, и воглавно завршуваат следниот понеделник, познат како Кибернетски понеделник. Според националната трговска федерација, околу 68 милиони луѓе во САД велат дека очекуваат да пазаруваат за време на празничниот викенд на Денот на благодарноста.

Утринава, пак, на Денот на благодарноста, во Њујорк , милиони луѓе се редат по улиците да ја гледаат Парадата за Денот на благодарноста што ја организира трговската куќа Мејси. Парадата е традиција веќе 88 години, и претставува марширачки оркестри, изведби на познати личности и многу џиновски балони.

Невреме од дожд и снег по должина на источното крајбрежје во средата ги искомплицира плановите за патување на многу луѓе во, како што покажува традицијата, викенд кога во САД најмногу се патува.

Традицијата вели дека американскиот Ден на благодарноста прв пат се случил во 1621, кога раните доселеници во Северна Америка ја комеморирале жетвата по суровата зима.

Првиот претседател на нацијата, Џорџ Вашингтон, го прогласил за национален празник во 1789.

XS
SM
MD
LG