Линкови за пристапност

Пакети храна помош за воените семејства за Денот на благодарноста


Пакети храна помош за воените семејства за Денот на благодарноста
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:16 0:00

Досега се разнесени стотици илјади пакети да го разубават празникот на многумина годинава

Невладина организација во главниот град Вашингтон секоја година за Денот на благодараноста дистрибуира оброци на воени фамилии.

Досега има разнесено стотици илјади пакети храна, а 400 кутии полни со храна се подготвени да го разубават празникот на многу семејства и годинава.

„Годинава го славиме овој ден заблагодарувајќи им се на воените фамилии. Семејствата ќе добијат целосно подготвена вечера. Имаме спонозри кои ни помагаат во оваа мисија“, вели Вивиен Дитрик, директорка на невалдината организација.

А што има во кутиите? Сос од боровинки, компири и уште многу други производи кои се подготвуваат во прилог на традиционалната вечера со мисирка.

Но овој празник, е многу повеќе отколку самата вечера. Целта е членовите на семејството да се соберат на едно место, вели генералот Арон Дин од Националната гарда на Вашингтон.

„Оброците се можност да ги доближат семејствата заедно. Да имаат заедничка вечера и да споделат важни моменти од животот. Тоа е Денот на благодарноста“, вели Дин.

Неговата сопруга Лора Дин вели дека иако не носи воена униформа сепак е благодарана за службата на нејзиниот сопруг и на сите други низ годините.

„Ги даваат нивните животи и се жртвуваат за нас. Пропуштаат родендени на блиските, празници и многу други важни моменти со нивните семсјтва, борејќи се за слободата на граѓаните на оваа држава“, вели таа.

Наредникот Џонатан Хјун служел во Армија 16 години.

„Многу сме благодарни за оваа иницијатива. Тешко е да се биде далеку од семејството. Помошта за воените фамилии е навистина огромна чест“, радосен е Хјун.

Војникот Даниел Џонс вели дека тој и неговите четири синови се благодарни оти има луѓе во заедницата кои се грижат за воените фамилии.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG