Линкови за пристапност

Најстуден Ден на благодарноста од 1901-та година


Балоните „Сунгерот Боб“ и „Чарли Браун“ на парадата во Њујорк може ќе бидат отстранети поради силните ветрови

САД денес го слават Денот на благодарноста, кој според метеоролозите, најверојатно ќе биде најстудениот досега.

Надлежните ја набљудуваат традиционалната парада на стоковната куќа „Мејсис“ во Њујорк, кои стравуваат дека поради силниот ветер огромните балони „Сунгерот Боб“ и „Чарли Браун“ нема да може безбедно да летаат.

Полицијата е подготвена и да ги отстрани доколку брзината на ветровите надмине 37 километри на час, со цел да се спречат евентуални инциденти како што имало слуачи во минатото.

Националниот метеоролошки центар очекува температурата да падне до минус четири Целзиусови степени, што се предвидува да биде потенцијално најстуден празник од 1901-та година наваму, кога темературите изнесувале околу минус три степени.

Официјално, најладно било во 1871-та година, кога највисоката темература изнесувала минус 5.5 Целзиусови степени.

Легендарната парада на „Мејсис“ почна подоцна, во 1924-та година.

Градските власти на Њујорк издадоа предупредување за ладното време, и ги повикаа граѓаните да носат капи, шалови и ракавици, за да се заштитат од замрзнување.

Полициски патроли ќе се движат паралелно со парадата, која ќе се протега од Централ парк до стоковната куќа „Мејсис“ во центарот на Менхетн.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG