САД не се единствена држава која го слави Денот на благодарноста. Слични прослави има и во Канада, Гренада, Либерија, Јапонија и во Германија.
Во Канада овој празник се слави вториот понеделник во октомври, а во Гренада на 25-ти октомври, кога се одбележува годишнината од американската инвазија која почна во 1983-та година, и заврши со враќање на политичката стабилност на државата.
Во Либерија, пак, се празнува првиот четврток во ноември, и ја прати традицијата на Денот на благодарноста во САД.
Во Јапонија Денот на благодарноста секогаш паѓа на 23-ти ноември, и е во чест на јапонските работници.
Германија слави првата недела во октомври. Почна како празник на жетвата, а денес се слави главно како религиозен празник.
Facebook Forum