Линкови за пристапност

„Сунгерот Боб“ и „Чарли Браун“ го издржаа силниот ветер во Њујорк


Многумина излегоа да ја следат парадата, пркосејќи му на студеното време со кебиња и вреќи за спиење, само за да можат да го видат овој спектакл

Екстремно ниските температури и силни ветрови не одат во прилог на празничното расположение, но, сепак уличните изведувачи и бендови успеаја да маршираат по улиците на Њујорк, по повод традиционалната парада на „Мејсис“.

Огромните балони „Сунгерот Боб“ и „Чарли Браун“ успеаја да го издржат студеното време, иако некои од нив беа многу ниско, веднаш над главите на граѓаните.

Многумина излегоа да ја следат парадата, пркосејќи му на студеното време со кебиња и вреќи за спиење, само за да можат да го видат овој спектакл.

Претседателот Доналд Трамп го слави Денот на благодарноста во Флорида, од каде телефонски зборуваше со американските трупи во Азија и на Пацификот.

Тој претходно беше критикуван дека откако ја презел функцијата пред повеќе од две години ги нема посетено војниците кои се распоредени да служат во многу држави во светот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG