Претседателот на САД Џо Бајден и првата дама Џил Бајден служеа мисирка и благ компир во народна кујна во Вашингтон, која подготвува свежа храна за училишта и засолништа за бездомници пред утрешниот празник - Ден на благодарноста.
Заедно со нив беа и потпретседателката Камала Харис и нејзиниот сопруг Даг Емхоф, кои сервираа боранија и сос.
Во придружба на познатиот готвач Хосе Андрес, подготвуваа и пакети за Денот на благодарноста, заедно со вработени од народната кујна.
Американците утре го празнуваат Денот на благодарноста со традиционална вечера, која обично вклучува мисирка покрај другите специјалитети.
Бајден и првата дама Џил празникот ќе го поминат во Нантакет, Масачусетс, каде се очекува да останат до крајот на неделата.
Facebook Forum