Серии експлозии во јужните провинции на Тајланд вчера и денес убија најмалку четворица луѓе, а повеќе од дваесеттина беа повредени.
Експлозиите се случиле во популарното тајландско одмаралиште „Хуа Хин“, во туристичкиот град Пукет, како и во јужен Транг.
Полицијата соопшти оти верува дека брановите експолозии се резултат на локална саботажа, а не се одговорност на терористите на Исламската држава.