Линкови за пристапност

Децата спасени од пештерата во Тајланд конечно се враќаат дома


Тие утрово беа пуштени од болницата во северниот град Чианграи во добра здравствена состојба

Децата, кои беа заглавени во пештерата во Тајланд, заедно со нивниот тренер, конечно се враќаат дома, една недела откако беа спасени.

Тие утрово беа пуштени од болницата во северниот град Чианграи, од каде се однесени на локацијата каде првпат се појавија јавно по спасувањето.

Фудбалскиот тим ќе одговори на прашањата на новинарите за време на планираната прес конференција од 45 минути, која ќе биде пренесувана низ целата држава.

Официјалните лица велат дека момчињата, на возраст од 11 до 16 години, како и нивниот тренер, се во добра физичка и психичка состојба, но, лекарите велат дека и натаму се загрижени за можни дологорочни последици од преживеаната траума.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG