Едно лице е мртво, а повеќе од 30-тина се повредени, при експлозија на автомобил-бомба во јужен Тајланд.
Властите велат дека возилото било паркирано зад хотел во градот Патани, предизвикувајќи голема штета на влезот на хотелот, како и на неколку околни згради.
Сите жртви се тајландски државјани.
Нападот уследи по бранот координирани бомбашки напади во јужен Тајланд, меѓу 11-ти и 12-ти август, кои убија четири лица, а повредија уште дваесеттина.