Извештај за човекови права на ЕУ го обвинува косовскиот премиер Хашим Тачи за водење на „мафијашка“ криминална група одговорна за атентати, шверцување на дрога и трговија со органи.
Извештајот наменет за Советот на Европа вели дека Тачи станал „бос“ на група на организиран криминал во доцните 1990-ти. Меѓу другото групата се обвинува за продажба на органи земени од српски затвореници убиени по завршувањето на војната во Косово. Косовската влада го отфрли извештајот како обид да се оцрнат лидерите на државата.
Партијата на Тачи прогласи победа во неделата на првите избори во Косово. Државата стана независна од Србија во 2008.
Извештајот е подготвен од истражителот за човекови права на ЕУ Дик Марти по двегодишна истрага и во четврток ќе биде презентиран во Париз.
Криминалната група е позната под името Група Дреница во која покрај Тачи се инволвирани други водечки личности од Косовската ослободителна армија, герилска група што се бореше со српските сили во Косовската војна.
Наводи за вмешаност на КЛА во илегална трговија со органи има и во книгата што ја напиша поранешната обвинителка во трибуналот за воени злосторства на ОН, Карла Дел Понте.