Тропското невреме Харви губи на сила и се оддалечува од Мексиканскиот залив, но метеоролозите предупредуваат дека поплавите во југоисточниот дел на Тексас и делови на Луизијана ќе продолжат до крајот на неделата.
Илјадници луѓе се спасени во Хјустон и околината, а илјадници други и натаму чекаат помош.
Локалните и федералните агенции се обидуваат да обезбедат привремено сместување и храна за многумина од жртвите. Во моментов не е познат бројот на раселени лица.
Федералната агенција за справување со вонредни ситуации, ФЕМА (FEMA), соопшти дека почнала да дава финансиска помош, за луѓето од засолништа да се префрлат во хотели.
Градоначалникот на Хјустон Силвестер Тарнер, истакна дека ситуацијата е сериозна, и треба да се третира како таква до самиот крај, а не само на почетокот.
Штетата од ураганот Харви се проценува дека ќе достигне десетици милијарди долари.
Досега животот го загубија најмалку 30 лица, а властите стравуваат дека оваа бројка ќе расте.
Facebook Forum