Линкови за пристапност

Харви го напушта Тексас, но се сели во Луизијана


Поројните дождови запираат, но проблемите со поплавите остануваат

Хјустон и источниот дел на Тексас, денеска конечно ќе се ослободи од неколкудневните рекордни поројни дождови. Тропската бура Харви сега се пресели во соседна Луизијана.

Градоначалникот на Хјустон Силвестер Тарнер, предупреди дека иако врнежите подзапираат, проблеми и натаму има.

„До утре треба да се расчисти, тоа е добра вест, но треба да се справиме со еден трилион галони вода, резервоарите и езерата низ регионот ќе предизвикаат поплави. Знаеме дека веќе предизвикуваат поплави, така што работата не е завршена“, изјави Тарнер.

Во меѓувреме, продолжуваат спасувачките напори во погодените области. Илјадници професионалци и волонтери се обидуваат да извлечат што е можно повеќе луѓе. Илјадници други беа приморани да се евакуираат. Харви досега однесе најмалку 20 животи.

Претседателот на САД Доналд Трамп и првата дама Меланија, во вторникот го посетија Тексас, ветувајќи помош и поздравувајќи ги напорите на федералните и локалните власти.

„Ова е вистински тим и ние сакаме да помогнеме подобро од кога било досега. По пет или десет години од сега, сакаме да можеме да кажеме - вака треба да се реагира“, истакна Трамп.

Тој додаде дека неговата администрација и Конгресот ќе дојдат до „вистинско решение“ за помош на жртвите.

Белата куќа соопшти дека претседателот планира викендов повторно да се врати во Тексас, а можеби и во Луизијана, за да види како се одвиваат спасувачките напори.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG