Линкови за пристапност

Трамп во Тексас вети најдобра помош досега


Според Американскиот Црвен крст, околу 17.000 лица се сместени во засолништа низ Тексас. Ураганот Харви досега однесе најмалку 16 животи

Претседателот на САД Доналд Трамп ги посети Корпус Кристи и Остин, едни од најпогодените области по ураганот Харви. Гувернерот на Тексас Грег Абот, и други локални претставници, го брифираа Трамп и првата дама Меланија за спасувачките напори и плановите за обнова.

Американскиот претседател вети голема поддршка за регионот.

„Сакаме да вложиме подобро од кога и да е порано“, истакна Трамп.

Од Федералната агенција за справување со вонредни ситуации - ФЕМА (FEMA), рекоа дека за обнова по огромните поплави ќе треба многу време, а локалните власти посочија дека куќите можно е да бидат под вода, со недели.

Во Хјустон, четврт по големина град во САД, досега се спасени преку 3.500 лица, изјави градоначалникот Силвестер Тарнер.

Според Американскиот Црвен крст, околу 17.000 лица се сместени во засолништа низ Тексас. Ураганот Харви досега однесе најмалку 16 животи.

И денеска продолжија поројните дождови во југоисточниот дел на оваа сојузна држава, а метеролозите најавија дека невремето ќе потрае до четврток, до кога се очекуваат дополнителни 25 до 50 сантиметри дожд.

Претседателот Трамп веќе прогласи 18 општини во Тексас и Луизијана за најкатастрофално погодени од невремето, и за нив федералната помош се очекува да стигне побрзо. Тој истакна дека ФЕМА на терен распоредила 8.000 работници.

Тексас во спасувачките напори ја ангажираше целата Национална гарда.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG