Властите велат дека од последиците од ураганот Харви, животот го загубиле 8 лица. Од катастрофалните поплави во југоисточен Тексас, досега се извлечени околу 2.000 лица, а 185 се и натаму заглавени.
Според градоначалникот на Хјустон Силвестер Турнер, 5.500 лица се сместени во засолништа.
Од Федералната агенција за справување со вонредни ситуации (ФЕМА), рекоа дека очекуваат обновата на уништените области да трае со години.
Белата куќа соопшти дека претседателот на САД Доналд Трамп, ќе го посети погодениот регион утре, а за подоцна во денот е најавена прес-конференција.
Facebook Forum