Линкови за пристапност

Поранешниот конгресмен Бето О`Рурк ќе биде демократски кандидат за гувернер на Тексас


Ниту еден демократ не победил во Тексас, втора најнаселена сојузна држава, изминативе три децении, објави Ројтерс

Поранешниот конгресмен од Тексас Бето О`Рурк изјави дека ќе влезе во трка за гувернер на Тексас следната година, како противкандидат на републиканецот Грег Абот, објави Ројтерс.

О`Рурк се смета за најдобра опција на Демократската партија на изборите за гувернер во 2022 година. Ниту еден демократ не победил во Тексас, втора најнаселена сојузна држава, изминативе три децении.

Абот треба да се соочи со уште двајца републикански противкандидати.

О`Рурк поголемиот дел од минатата година го помина во критики кон Абот за тоа како се справува со пандемијата, како и за зимската бура која ја остави сојузната држава без електрична енергија, а стотици лица починаа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG